Пол Погба е во
центарот на вниманието поради расправијата со тренерот Жозе Мурињо и можноста
да замине од Олд Трафорд.
Во август се
шпекулираше дека Французинот ги известил лидерите на Манчестер јунајтед дека
сака да замине, а Мино Рајола го понудил својот клиент на Барселона и постигнал
договор со „Каталонците“ за платата.
Еден ваков
трансфер никогаш не се реализираше бидејќи „Ѓаволите“ не помислуваа да го
продадат играчот, но по серијата инциденти, шпекулациите се вратија и
најтрофејниот клуб од Англија би можел да го промени ставот.
Првиот човек на
Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу сега разговараше на оваа тема со „Тајмс“.
„Гласините дека
на Манчестер јунајтед сме му понудиле пари плус услугите на Јери Мина и Андре
Гомеш за Погба не се вистините“ – вели Бартомеу за сториите кои кружеа во
последите денови од летниот преоден рок.
„Не сум
разговарал на оваа тема со Ед Вудворд. Кога клубот не сака да продава едноставно
треба да го прифатите тоа. Мислам дека Погба уште долги години ќе игра во
Манчестер јунајтед бидејќи големите клубови не ги продаваат своите ѕвезди“.
Медиумите од
„Островото“ пак му препишуваат малку поразлични изјави.
„Ги читам овие
гласини, не само за Погба туку и за многу други играчи. Но поголемиот дел од
клубовите не сакаат да ги продадат овие играчи. Сакаат да продолжат да бележат
прогрес“.
„Кога од агентите
ќе слушнете дека одреден играч е на продажба, и не говорам конкретно за Погба,
туку општо, понекогаш знам да им се јавам на моите колеги и ќе ги прашам „дали е
вистика дека сакате да го продадете овој играч?, тие вообичано ќе ми кажат
„нема шанси, тој не е на продажба“, и тука завршува се“.