Првата ѕвезда на
Јувентус, Кристијано Роналдо имал понуди од Манчестер јунајтед, Париз Сент
Жермен, како и Милан во текот на летниот преоден рок, но, на крајот откако го
напушти Реал Мадрид, го облече дресот на Бјанконерите.
Ел Мундо пишува
дека трите клуба веќе биле подготвени за да дојдат до потписот на Португалецот,
но, тој преферирал преселба во Торино
бидејќи му се допаѓал клубот, особено навивачите кои имаа една
незаборавна ситуација со него, аплаудирајќи му на мајсториите во големата
победа на Кралевите сред Торино во Лигата на шампионите.
Информациите
велат дека Роналдо бил одлучен да си замине од Реал Мадрид откако шпанскиот
гигант ставил јасно дознаење дека нема да го направи најплатениот фудбалер во
светот, на крајот го продадоа за 100 милиони евра.
Манчестер
јунајтед бил првиот клуб со формална понуда, но, не успеал да стигне до
бараната сума на Реал Мадрид, Милан сакал да оди најдалеку што може, тимот од
Милано бил подготвен да издвои фантастични 150 милиони евра, но, одлучувачки
фактор на крајот било нивната слаба активност на големата европска фудбалска
сцена изминативе неколку години.
ПСЖ имал
разговори со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш, но, не повлекле потег се’
до последниот ден од преодниот рок
за да го сопрат Реал од понуди за Нејмар или Мбапе. Понуда за Роналдо значело
голем ризик во францускиот првак за своите двајца фудбалери.