Серхио Рамос и
Герет Бејл се изоставени од составот на Реал Мадрид кој патува на гостувањето
во Москва за мечот против ЦСКА во рамките на второто коло од групната фаза во
Лигата на шампионите.
Според пишувањата
на Марка, Рамос ќе одмара, а со Бејл нема да се ризикува откако се здоби со
повреда во ремито со градскиот ривал Атлетико Мадрид (0-0) во рамките на
шпанската Примера, а Велшанецот одигра само едно полувреме на Сантијаго
Бернабеу.
Освен овие двајца
фудбалери, вон комбинација за настап ќе бидат и Марсело и Иско, Алваро
Одризиола се враќа, исто како и младиот Федерико Валверде, повикан е воедно и
Серхио Региљон од Реал Мадрид Кастиља.
За пресметката во
Москва, освен Региљон, од истиот тим во составот на европскиот првак се најде и Винисиус Жуниор, кој викендов
доби прилика во завршницата од дербито, а не беше во составот во победата
против Рома во првото коло од групата „Г“ од Лигата на шампионите.