Зидан му се јавил на Мурињо во врска со Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

„Сан“ пишува дека Зидан бил толку загрижен Мурињо да не помисли дека му работи зад грб за да го наследи на клупата на Јунајтед, што лично телефонски го исконтактирал Португалецот.

Зидан е главен фаворит за наследник на Мурињо кој наскоро може да добие отказ доколку работите не се променат во најбрзо време.

Според англискиот весник, Зидан му открил на Мурињо дека луѓе од Манчестер јунајтед стапиле во контакт со неговите претставници и прашале дали би бил заинтересиран за работата.

Поради тоа што соработуваа во Реал Мадрид, Зидан не сакал Мурињо преку медиумите да ги дознава работите, туку му се јавил и директно му ја соопштил ситуацијата.

Телефонскиот разговор е дополнителен притисок врз Жозе Мурињо кој сега знае дека Манчестер јунајтед размислува за негова смена. Но „Сан“ тврди дека работите се уште зависат од Жозе, ако тој во наредните мечеви го извади тимот од кризата во која се наоѓа, нема да добие отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×