На градското
дерби, Касемиро играше со рака во шеснаесетникот, играчите на Атлетико бараа
пенал, но добија само корнер. Судијата сметаше дека немало намера од страна на Бразилецот,
а не се предомисли ни откако разговараше со ВАР.
Ваквата одлука
сепак не им се допадна на „Колчонероси“ кои сметаат дека се жртва и дека не
важат исти правила за сите, па затоа во понеденик ќе достават официјален допис
до техничкиот комитет на судиите.
Атлетико Мадрид
ќе бара објаснување зошто не им е досуден пенал против Реал Мадрид кога ова
коло на други два натпревари за слични потези беше покажано на белата
точка.
Првиот доказ е од
мечот помеѓу Еибар и Севиља, кој се одигра неколку часа пред пресметката на
Сантијаго Бернабеу. Играчот на домаќините, Хосе Анхел играше со рака по
центаршутот на Хесус Навас. Судијата Естрада Фернандес се консултираше со ВАР и
покажа на белата точка.
Вториот доказ е
од денешниот меч помеѓу Виљареал и Ваљадолид, каде еден од гостинските играчи
играше со рака во сопствениот шеснаесетник а судијата Иглесиас Виљануева свирна
пенал со помош на ВАР. По неколку минутна комуникација, тој самиот лично појде
покрај аут-линијата и на повторена снимка го прегледа целиот инцидент.
El Atlético de Madrid solicitará una aclaración al Comité Técnico de Árbitros sobre los diferentes criterios en el uso del VAR en una misma jornada https://t.co/xSHzfGZOR0 pic.twitter.com/GrlTggvCkl
— Atlético de Madrid (@Atleti) September 30, 2018