206
Ибрахимовиќ дојде до 20 гола оваа сезона за ЛА Галакси откако два пати ја тресеше мрежата на Ванкувер.
Ибра погоди од пенал уште во четвртата минута од мечот, а по 15 минути игра во вториот дел биеше убаво под пречката на противникот за предност од 2-0.
Во 77. минута беше досуден уште еден пенал за Галакси, а Ибра не беше алчен за хет-трик, па улогата на изведувач му ја даде на Алесандрини кој ги постави конечните 3-0.
Вејн Руни беше играч на натпреварот против Монтреал во победата од 5-0 на ДС Јунајтед.
Руни погоди во 48. минута зголемувајќи на 2-0, а ги постави и конечните 5-0 со лоб од далечина во 82. минута.