Откако киксираше
против Торино и доживеа шок во дуелот со Парма, Интер конечно ги израдува
сопствените фанови и ја забележа првата победа во Серија А на домашен терен. Вечерва
„Нероаѕурите“ со 2-0 триумфираа над Каљари.
Резултатот го отвори
Лаутаро Мартинез во 12. минута. Аргентинецот доби употреблив центаршут од Далберт
и со глава го постигна својот деби погодок во Калчото за 1-0.
Каљари стигна до
изедначување во 71. минута од мечот. По еден корнер од левата страна, Десена го
совлада Хандановиќ. Сепак радоста на гостите кратко траеше, на сцена стапи ВАР
и откако судијата се консултираше со видео технологијаа реши да го поништо
голот поради играње со рака. Фудбалерот на Каљари жестоко протестираше но од повторените снимки јасно е дека играше со рака.
Овој гол како да
ги освести домаќините кои не дозволија ново опуштање и пред финишот на мечот ги
осигураа трите бода преку Матео Политано. Италијанецот одлично закачи еден волеј
и се израдува на својот првенец во дресот на Интер.