Јувентус владее во Италија, Манџукиќ и Роналдо донесоа победа над Наполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Седум од седум за
„Старата Дама“, Јувентус покажа дека владее во Италија откако вечерва со 3-1 го
совлада главниот конкурент за „Скудетото“.

Наполи можеби
поведе со голот  на Мертнес во 10.
минута, но избраниците на Алегри покажаа шампионски менталитет и на крајот се
радуваа на трите бода.

Роналдо во 26.
минута го „измести“ Хисај и нафрли од левата страна, за Манџукиќ од пет метри
со глава да изедначи на 1-1. Хрватот веќе на стартот од вториот дел донесе
предност за Јувентус.

ЦР7 биеше од 20
метри, тропката заврши во стативата а Манџукиќ добро ја следеше целата акција и
рутински ја затресе празната мрежа за 2-1.

Наполи потоа
остана и со играч помалку откако Марио Руи заработи втор жолт картон и
исклучување за сите дилеми околу победникот беа решени во 76. минута. По еден
корнер, Роналдо ја префрли топката на подалечната статива каде Бонучи со
лизкачки старт погоди за 3-1 и се искупи за грешката при водечкиот погодок на гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×