Фудбалерите на Барселона им приредија ново разочарување на навивачите, денеска во финишот од натпреварот се спасуваа од пораз против Атлетик Билбао на свој терен.
По ремито со Жирона и поразот од Леганец, ова е трет кикс по ред, од можни девет бода Барселона освои само два.
Резултатот беше отворен во 40. минута од натпреварот кога по еден одличен центаршут на Сусаета, Де Маркос ја смести топката во мрежата на Барселона за водство од 1-0.
Каталонците се обидуваа да израмнат, имаа неколку добри шанси, два пати стативата беше сојузник на Атлетик. Голот конечно дојде во 84. Мунир се најде на вистинското место и погоди за конечни 1-1.
Реал Мадрид денеска го игра големото градско дерби против Атлетико, минатиот пат не профитираше од киксот на Барселона, сега добиваат нова шанса.