Арсенал реди победи, рутински триумфи и за Сити и Тотенхем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На пет од шесте
натпревари кои попладнево се одиграа во Премиерлигата резултатот гласеше 2-0.
За малку сите ќе завршеа идентично, но Евертон во финишот од мечот постигна и
трет погодок.

На „Емирати“ во
Лондон, Арсенал ја продолжи победничката низа која сега брои седум меча во сите
конкуренции. Домаќините можеби не блескаа но го совладаа Ватфорд со 2-0.
Гостите имаа неколку добри шанси но откако не ги реализира, најпрво си
постигнаа авто-гол во 81. минута а потоа капитулираа уште еднаш 120 секунди
подоцна кога Озил погоди.

Тотенхем без
многу проблеми триумфираше на гостувањето кај Хадерсфилд со двата гола на Хари
Кејн. Напаѓачот најпрво реализираше во 25. минута за 0-1, а потоа од пенал во
34. минута ги реши дилемите околу победникот.

Рутинска победа
забележа и Манчестер Сити во дуелот со Брајтон пред своите фанови. Стерлинг во
29. минута донесе водство а Агуеро по 20 минути игра во вториот дел ги осигура трите бода, Со овој триумф „Граѓаните“ привремено се искачија на врвот на табелата.

Лестер со 2-0
триумфираше на гостувањето кај Њукасл, а Вулверхемптон со истиот резултат дома
беше поуспешен од Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×