Рома го доби големото римско дерби, „волчицата“ ја надминува кризата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот за градот Рим овој пат го доби Рома, тимот на Ди Франческо полека ја пронаоѓа формата која ја бараше.

Мрежите мируваа се до финишот од првото полувреме кога по една грешка на одбраната на Лацио, Пелегрини најдобро се снајде и погоди за водство на Рома од 1-0.

Во 67. минута уште поголема грешка на одбраната на Рома која му дозволи на Имобиле да го изедначи резултатот на 1-1.

Но само четири минути траеше радоста на Лацио, а тогаш нивниот поранешен играч, Александар Коларов од слободен удар даде гол за ново водство на Рома, овој пат од 2-1.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 86. минута кога Фацио со глава постигна гол за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×