Да не станеш од пред телевизор, денеска дерби до дерби!

by
1 минути читање

Ладното време, но пред се фудбалската програма денеска ќе ги седне дома пред телевизорот љубителите на оваа игра.

Во Серија А денот започнува со големата градска пресметка, битката за Рим на Олимпико меѓу Рома и Лацио, тој дуел стартува во 15 часот. А три часа подоцна е дуелот меѓу двете најсилни екипи во лигата, Јувентус против Наполи.

Во Премиерлигата се игра дербито меѓу Челси и Ливерпул. Сините во Лига купот го победија тимот на Клоп и му го нанесоа првиот пораз оваа сезона. Црвените ќе бараат реванш, но Челси на домашен терен ќе сака да ја потврди победата и добрата форма. Мечот почнува во 18:30 часот. 

Во истиот термин има голем меч и во Бундеслигата каде Баер Леверкузен го пречекува тимот на Борусија Дортмунд.

Круната на денот е во Мадрид, на Сантијаго Бернабеу се игра дербито на градот, Реал го пречекува Атлетико. А ќе биде интересна и пресметката меѓу Каталонците и Баскијците, Барселона против Атлетик Билбао од 16:15 часот.

Ако на овие фудбалски мечеви го додадеме и ракометното дерби од Лигата на шампионите во кое Вардар му гостува на Веспрем од 17 часот, тогаш е повеќе од јасно дека денеска телевизорот ни е сосема доволен за убаво поминат ден.

Дерби натпревари:

15:00 Рома – Лацио

16:15 Барселона – Атлетик Билбао

18:00 Јувентус – Наполи

18:30 Челси – Ливерпул

18:30 Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд

20:45 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид

Ракомет ЛШ:

17:00 Веспрем – Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×