Мурињо одби да открие зошто му ја одзел капитенската лента на Погба: Тие што треба да знаат, знаат!

by
2 минути читање

Оваа недела започна со критики од Пол
Погба за тактиката на Жозе
Мурињо и пристапот на Манчестер јунајтед кога „Ѓаволите“ играат на Олд Трафорд. Потоа Французинот остана без капитенската лента, за во средата камерите на Скај Спортс да уловат расправија помеѓу двајцата на тренингот.

Во пресрет на
дуелот со Вест Хем, „Специјалниот“ се сретна со медиумите па ова беше топ тема на разговор.

„Детално им
објаснив на луѓето кои треба да знаат, а тоа е составот и особено Пол. Па Пол и
останатите играчи знаат многу добро која е причината, зошто јас и мојот
персонал одлучивме да му ја одземеме капитенската лента. Јас и мојот персонал
постојано ги анализираме играчите. Кога играчот е и капитен, правиме анализа од
перспектива на играч но и анализа од перспектива на капитен. И по неколку недели
анализирање и размена на мислење, јас и мојот персонал одлучивме дека Погба ќе
биде само играч а не и капитен“
– вели Жозе Мурињо.

„Го известив Пол
и останатите играчи за одлуката, веќе го потврдив ова во вторникот, ќе потврдам
и сега и сакам тука да заврши целата приказна“.

„Знам дека ќе
добијам уште прашања, па ќе додадам дека односот помеѓу играчот и тренерот е
добар, нема повеќе однос капитен-тренер, само играч-тренер и тој е добар. Пол
навистина тренираше добро во вторникот, средата, четвртокот и петокот. Никој
не тренираше подобро од него, можеби некои тренираа исто толку добро, но никој
подобро. Па тој утре ќе игра“.

„Погба е играч
како и сите други и ниту еден играч не е поголем од клубот. Ако сум задоволен
од начинот на кој тренира, тој ќе игра, ако не сум задоволен, нема да игра.
Навистина сум задоволен од тоа како се залагаше на тренинзите во вторникот,
средата и четвртокот. На тимот му се потребни добри играчи, играчи со карактер, тој го има сето ова и ќе игра утре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×