Екипата на „Комити“ Драчево победи на турнирот кој традиционало се одржува во чест на големиот вљубеник во спортот, навивач на Вардар и медиумски работни, Сашо Оцевски – Мешко.
Во финалето „Комити“ Драчево ја победија екипата на ССК 83/84 со резултат 3:2 по изведувањето на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 2:2.
Сашо Оцевски – Мешко трета година по ред ги собира на истото место ги собира луѓето со кои другаруваше и работеше во текот на неговиот живот.
Турнирот е во организација на неговото семејство, а истиот е помогнат од пријателите на Мешко и ТВ Сонце.
Резултати:
Полуфинале:
Коперникова – Комити Драчево 2:4
ССК 83/84 – ТВ Сонце 7:1
Меч за трето место:
Коперникова – ТВ Сонце 6:0
Финале:
ССК 83/84 – Комити Драчево 2:2 пен: 2:3
