По победата над
Фросиноне од 4-0 на домашен терен, Рома се „загреа“ за она вистинското што
следи утре, мега пресметката со Лацио во големото дерби на Рим, кое се игра во
рамките на седмата рунда натпревари од Серија А.
Тимот на Ди
Франческо ќе има тежок ривал пред себе, ривал кој има четири победи во низа во
калчолигата, а спортскиот директор на Римската волчица, Мончи верува дека
дерби средбите се нешто повеќе од битка за три бода.
„Дербито е нешто уникатно, имав искусено многу дерби натпревари во дресот на Севиља, тие се
нешто повеќе од битка за три бода“ вели Мончи.
„Тоа е битка за
победа на срцето, на фановите, тоа е дуел 11 на 11 на теренот, но, со многу
повеќе срца од тие“ додаде тој.