Маркус Рашфорд
претрпел критики на своја адреса од Жозе Мурињо, а причина за тоа била
незадоволувачкиот однос на офанзивецот на теренот од мечот против Јанг Бојс во
воведното коло од Лигата на шампионите, кој Црвените ѓаволи го добија со 0-3 на
терен на противникот.
Фудбалерот на
Манчестер јунајтед одигра 69 минути на средбата во Швајцарија, а беше заменет
со Мата при резултат 0-3 за својот тим, тој наводно не ги следел инструкциите
упатени од португалскиот стратег и целиот негов стручен тим.
По мечот во Берн,
Рашфорд добил предупредување од Мурињо, а пораката која Португалецот му ја дал
на англискиот репрезентативец наводно гласела дека ‘не е толку важен за тимот за да прави тоа што
самиот ќе посака’.
Нема дилеми дека
веќе постои отворено прашање за иднината на Рашфорд во Манчестер јунајтед,
извесно е дека младиот фудбалер е фрустриран од тоа да има лимитирана улога под
водство на Мурињо.