Емполи никогаш го нема победено Милан на домашен терен, лошата серија можеби остана но домаќините сепак стигнаа до голем бод против фаворитот.
„Росонерите“ по само десет минути игра стигнаа до водство. Биља шутираше од врвот на шеснесетникот, топката малку закачи еден од дефанзивците на Емполи и заврши во аголот за 0-1.
Милан потоа имаше уште неколку добри прилики да го зголеми водството но откако не успеа во тоа, една лошо додавање на Ромањоли резултираше со пенал за Емполи кој прецизно беше реализиран од Капуто.
Гатузо потоа фрли се на една карта и во игра ги внесе Кутроне и Кастиљехо, гостите одново креираа убави шанси за погодок, но Терачиано беше извонреден на голот на Емполи и не дозволи по втор пат да биде совладан.