142
Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година, Турција ја загуби битката.
Ова е прва организација на големо натпреварување за Германија по Светското првенство во 2006 година.
Ова е четврти пат Турција да не ја добие организацијата, тие извисија и во 2008, 2012 и 2016 година кога за еден глас загубија од Франција.
Европското првенство во 2020 година е посебно и ќе се игра во 12 градови низ цела Европа.
Квалитетот на стадионите, политичката состојба и транспортната инфраструктура се дел од елементите кои беа клучни за Германија да биде избрана, а не Турција.