Бускетс потпиша нов петгодишен договор со Барса со огромна откупна клаузула!

by
1 минути читање

Барселона нема намера да го пушти Бускетс да мрдне од Камп Ноу, фудбалерот стави потпис на нов петгодишен договор, а откупната клаузула му е зголемена на фантастични 500 милиони евра.

„Барселона и Серхио Бускетс потпишаа нов договор за фудбалерот во четврток наутро, според договорот Бускетс во Барселона ќе биде до 30 јуни 2023. Откупната клаузула ќе му биде од 200 до 500 милиони евра“, стои во соопштението на Барселона.

Серхио Бускетс веќе долго време е еден од столбовите во составот на Барселона. Тој е втор капитен, има одиграно 490 натпревари и постигнато 13 гола во неговите 11 сезони во првиот тим. Има освоено фантастични 28 титули, од кои седум пати Примера и три пати Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×