Од следната сезона ВАР влегува и во Лигата на шампионите!

by
1 минути читање

УЕФА денеска потврди дека ВАР технологијата ќе почне да се применува и во Лигата на шампионите од следната сезона. Поточно од плејофот за пласман во групната фаза кој се игра во август.

Дополнително УЕФА одлучи да има ВАР технологија и во УЕФА Суперкупот во 2019 година, како и на ЕУРО 2020. Во Лига Европа ќе почне да се применува од сезоната 2020/2021, а ќе ја има и во завршните натпревари на Лигата на нации во 2021.

„Уверени сме дека до имплементирањето на ВАР во август 2019 година ќе имаме доволно време да го тестираме системот и да ги тренираме судиите со цел ефикасна и успешна имплементација на ВАР во УЕФА Лигата на шампионите“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

ВАР најголемата промоција ја имаше на Светското првенство во Русија. Сега успешно се користи и во Примера, Серија А, Бундеслигата, француската Лига 1, а во Англија е уште во тест фаза во Лига Купот и одредени мечеви од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×