Камерите на Скај
Спортс уловија тензичен момент на синоќешниот тренинг на „Ѓаволите“ помеѓу Жозе
Мурињо и Пол Погба. Французинот го промени расположението откако Португалецот
му дофрли нешто и насмевката ја замени со зачуденост и лутина.
Вчера се говореше
дека „Специјалниот“ наводно му рекол на фудбалерот „get out“ односно да го напушти тренингот, но сега
се појави нова теорија.
Неколку извори
пишуваат дека расправијата настанала поради постот на играчот на Инстаграм
стори по мечот со Дерби во Лига купот. Пол Погба на социјалните мрежи објави
видео од трибините на „Олд Трафорд“ како се смее заедно со Андреас Переира и
Лук Шо.
Многумина ова го
сфатија како потсмев од Французинот на елиминацијата која неговите соиграчи ја
доживеаја во дуелот со второлигашот, а не му се допаднала ниту на Жозе Мурињо.
Сепак, Пол Погба
објаснил дека видеото било направено за време на мечот, но поради проблеми со
ВиФи мрежата на Олд Трафорд, ненамерно било објавено еден час подоцна, односно по пенал серијата. Во разговорот на
тренингот беше вмешан и прес офицерот на Манчестер јунајтед, Џон Ален кој на
Жозе Мурињо му потврдил дека навистина било така.
„Специјалниот“ го
прифатил објаснувањето, двајцата ги расчистиле сите дилеми и проблемите биле
надминати. Сепак јасно е дека нешто не штима помеѓу Мурињо и Погба и само
прашање е на време кога ќе се појават нови стории за расправија помеѓу двајцата.