Навас: Рамос се уште навива за Севиља

by
1 минути читање

Веројатно ретко
кој очекуваше Барселона и Реал Мадрид да загубат во еден ист ден, а синоќа
Севиља пред своја публика му нанесе тежок пораз на европскиот првак со 3-0,
конечниот исход од средбата беше поставен уште по првите 45 минути игра. Како за потсетување, Барса синоќа загуби од Легањес.

Двата гола на
Силва и едниот на Бен Једер донесоа голема радост на Рамон Санчез арената, а
Хесус Навас, кој беше асистент во водечкиот гол на домаќините, по мечот даде
една интересна изјава поврзата со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Серхио Рамос е
Севиљиста, тој навива за овој клуб уште од неговото детство, тој порасна во ова
место и целосно е заинтересиран за случувањата во клубот, тој се уште е навивач
на Севиља
“ рече Навас.

Имавме искусено
прекрасни моменти во текот на годините, постојано се слушаме и зборуваме на
разни теми, секогаш кога играме меѓусебно, излегуваме на теренот и се трудиме
да го добиеме мечот, желбата е обострана, не е важно кои ви се противниците
“ додаде
фудбалерот на Севиља.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×