Дани Велбек
постигна два гола во синоќешната победа на Арсенал против Брентфорд од 3-1 во
третата рунда натпревари од англискиот Лига куп, со тоа што тимот на Унаи Емери
продолжи во наредната фаза.
Има една интересна
статистика со која Велбек е спореден со ѕвездата на Манчестер јунајтед, Алексис
Санчез, офанзивецот на Топчиите со 221 минута на теренот досега постигна 4
погодоци, а Чилеанецот со 333 минути нема ниту еден гол засега.
Емери по двата
гола на Велбек проговори за неговата иднина во клубот, јасно е дека тој веќе
влезе во последната година од договорот со тимот од Лондон, но, шпанскиот стратег
вели дека таа не е во негови раце.
„Постојат три
ситуации кога говориме за индивидуалци, клубот, фудбалерот и тимот, мојот фокус
е на тимо. Знам дека имаме фудбалери кои се во последната година од нивните
договори, зборуваме со клубот, но, за мене се најважни нивните перформанси на
теренот, на секој тренинг, а воедно и натпревар“ рече Емери.
„Нивната иднина е
важна, перформансите и посветеноста која ја покажуваат е на високо ниво, задоволен сум од Ремси
(кој исто е влезен во последната година од договорот), и Велбек, но,
ситуацијата со клубот е во нивни раце“ додаде шпанскиот стратег.