Во најинтересниот дуел од Карабао купот, Челси со пресврт го совлада Ливерпул со 2-1 и ја прекина победничката серија на црвените.
Ливерпул не знаеше за ништо друго освен за победа во изминатиот период, но на тоа им дојде крајот, Челси го запре тимот на Клоп.
Мрежите мируваа во првото полувреме, а во вториот дел, во 58. минута Стариџ постигна убав гол за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 79. минута една топка дојде до Емерсон кој реализираше за 1-1, а шест минути подоцна Азар постигна фантастичен гол за победа на Челси од 2-1.
Шанса за реванш Ливерпул ќе има веќе во сабота кога му гостува на Челси во натпревар од Премиерлигата.
Арсенал со 3-1 го совлада Брентфорд, Вест Хем го победи Маклесфилд со дури 8-0.