По вчерашните вести дека Жозе Мурињо му ја одзел капитенската лента на Пол Погба, денеска двајцата одново се најдоа во центарот на вниманието откако се појави снимка од тренингот на Манчестер јунајтед.
Французинот дојде со насмевка на лицето, но веднаш се намурти откако Португалецот му дофрли нешто. На социјалните мрежи се појави ново видео во кое двајцата имаа подолг разговор, а дел од медиумите од Англија мислат дека знаат што му кажал Мурињо на Погба за да се промени расположението на играчот.
Наводно „Специјалниот“ му рекол „Pogba, get out“ што во превод би значело дека Французинот треба да го напушти тренингот, кој беше наменет за оние кои вчера не играа против Дерби во Лига купот.
Во еден дел од видеото навистина се слуша ваков израз, но Мурињо претходно му кажа уште нешто на Погба, па навистина е тешко да се заклучи за што двајцата разговарале.
The extended version of the Mourinho and Pogba incident at Carrington today. Listen between 0.25-0.29… Jose can be heard saying “Paul, get out”. #mufc [@MUnitedFrance] pic.twitter.com/MtCR1FKvqt
— United Xtra (@utdxtra) September 26, 2018