143
Интер сака со нов договор да ја избрише или зголеми откупната клаузула на Икарди која изнесува 110 милиони евра, а разбирливо доколку се согласи на тоа ќе добие и поголема плата.
Веќе извесно време се пишува дека Икарди и Интер работат на тоа, но се уште нема ништо конкретно. Напаѓачот обврските околу договорот комплетно и ги препуштил на неговата сопруга Ванда Нара која му е и агент.
„Секоја година истото. Мирен сум, само продолжувам да го правам она што го правам. Од жена ми зависат преговорите, доколку договорот треба да биде подобрен, ќе биде“, вели Икарди.