Бразилецот Фабињо
беше најавен како големо засилување за Ливерпул, на Енфилд пристигна ова лето,
но, се уште нема забележано настап во Премиерлигата, на оваа тема проговори
Клоп, кој даде своја оценка за тоа до кога ќе трае адаптацијата на поранешниот
фудбалер на Монако.
„Ова е фудбалска
екипа со еден специфичен начин на играње, потребно е време, потребно е да се
адаптирате по природен пат, играта е доста брза и интензивна, доаѓа по природен
пат, не се работи за промена на играчите, ние ја посакуваме нивната фудбалска
филозофија, тие се тука поради тоа што го прават на теренот“ вели Клоп.
„Три или пет
седмици звучат како голем период во фудбалот, но, да докажеш нешто што можеш да
го направиш на теренот е речиси половина година, за да се направи следниот
чекор“ заклучи тој.