Барселона, ПСЖ и Јувентус ќе треба добро да го одврзат ќесето за Погба

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед според неофицијалните информации веќе поставил висока цена за
Пол Погба, доколку дојде до тоа да мора да го продава Французинот. Шпекулациите за таков исход во периодот кој претстои од ден на ден се
зголемуваат, а веќе има три клуба кои се заинтересирани за неговите услуги.

Нема дилеми во
тоа дека односот на Погба и Мурињо е разнишан веќе од поодамна, иако и обајцата
негираат такво нешто во јавноста, коментарите на Французинот по ремито на Олд
Трафорд против Вулверхемптон, дека Црвените ѓаволи особено кога играат на
домашен терен треба да негуваат напаѓачка игра на теренот, очигледно дека скапо
ќе ги плати.

Одговорот на
португалскиот стратег стигна брзо, тој веќе и јавно потврди за тоа што се
шпекулираше низ текот на вчерашниот ден дека Погба повеќе нема да биде ниту
втора опција за капитентската лента на тимот, а веќе се шпекулира и за сумата
која Манчестер јунајтед ја има поставено за евентуална продажба.

Доколку се решат
да тргнат до потписот на Французинот, Барселона, ПСЖ и Јувентус, кои се
споменуваат како заинтересирани екипи, ќе треба да достават понуда вредна цели
200 милиони фунти за Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×