Премиерлигашот
Фулам со победа од 1-3 се врати од гостувањето кај градскиот ривал Милвол во
рамките на третата рунда натпревари од Лига купот на Англија, а на тој меч
дебитираше Харви Елиот.
Можеби името не е
познато за пошироката фудбалска јавност, но, фактот што тој има само 15 години
и 174 дена беше доволен податок да се најде низ повеќе светски медиуми.
Елиот влезе во
игра на местото на Ајите во 81. минута, за крилниот фудбалер ова е деби во
професионални рамки.
Младата надеж на
Фулам денот го почна на училиште, имал и некои тестови, според зборовите на
шефот на стручниот штаб на таа екипа, Славиша Јокановиќ, а истиот го заврши
дебитирајќи за Премиерлигашот, денес Елиот повторно е на училиште и сигурно ќе
има што да им раскажува на своите соученици.
„Не знам дали би
употребил некој погрешен збор на англиски, но, тој е арогантен и позитивен“
рече Јокановиќ.
„Детево покажува
карактер кога ми вели ‘Сакам
да ти покажам дека сум добар фудбалер’, јас му велам ‘Добро, покажи на теренот што знаеш и умееш, ќе ти ја дадам таа шанса’. Тој имаше неколку тренинзи со нас,
веруваме дека иднината е пред него“ додаде српскиот фудбалски стратег.