Интер полека но
сигурно почнува да личи на себе по лошиот старт на новата сезона, тимот од
Милано веќе реализираше три победи во серија, по онаа над Тотенхем во Лигата на
шампионите, следеа два триумфи во Серија А, најнапред кај Сампдорија, а веќе синоќа
и на домашен терен против Фиорентина.
Првата ѕвезда на
Нероаѕурите, Мауро Икарди синоќа го постигна првиот гол сезонава во Серија А,
тој по мечот изјави дека иако социјалните мрежи и медиумите „зборувале“
премногу изминатиов период, тоа не му наштетило на тимот, ниту на него кој не
бил загрижен воопшто, бројките зад неговото име доволно говореле.
„Социјалните
медиуми и новинарите зборуваа премногу изминатиов период, не постигнав гол во
четири одиграни натпревари во Серија А, тие веднаш почнаа да се обидуваат да ни
направат проблеми во тимот, имам постигнато 120 погодоци во Серија А зад мене,
не сум загрижен воопшто“ рече Икарди.