Мурињо потврди: Погба нема да биде капитен

by
1 минути читање

Во отсуство на Антонио Валенсија, Погба беше капитен на три натпревари на Манчестер јунајтед оваа сезона, но на толку и ќе остане откако Мурињо решил тој повеќе да не биде втор капитен.

Мурињо потврди дека му ја земал лентата на Погба, но упорно тврди дека нема проблем меѓу нив двајца. Запрашан дали има вистина во написите на медиумите, тој одговори:

„Не, единствена вистина е дека донесов одлука Пол да не биде втор капитен веќе. Но немаме никаков проблем. Истата личност која одлучи Пол да не биде втор капитен веќе е истата личност која одлучи Пол да биде втор капитен – јас“.

„Јас сум тренерот и јас ги носам овие одлуки, немаме проблеми. Ова е само одлука која не треба да ја објаснувам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×