Модриќ го расплака Бобан (ФОТО)

by
1 минути читање

Звонимир Бобан е
идолот на Лука Модриќ, а добитникот на наградата „Д Бест“ од ФИФА синоќа, во
делот од својот говор му се заблагодари и токму нему, во кого гледал голема
инспирација во текот на карирата, посебно на Мундијалот.

Би сакал да му
се заблагодарам на мојот идол, капитенот на Хрватска од Светското првенство во
1998. година, мојата голема инспирација, Звонимир Бобан, тој ни даде
инспирација дека можеме да направиме нешто големо во Русија
“ истакна Модриќ.

По ова, легендата
на Коцкестите не успеа да ги сокрие емоциите од јавноста, па пушти солзи по
говорот на Модриќ кој притоа истакна дека таа награда не е само негова, туку и
на неговите соиграчи од Реал Мадрид, како и од репрезентацијата на Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×