Конте би можел да се врати во Серија А, две опции се во игра

by
1 минути читање

Поранешниот
тренер на Челси, Антонио Конте, според информациите од Италија, котира високо
на листата на потенцијални кандидати за кормилото на Рома, поточно, да го
замени Ди Франческо на таа позиција, од друга страна пак, тој се поврзува и со
Милан.

Италијанските
медиуми пишуваат дека Ди Франческо и Џенаро Гатузо се соочуваат со голем притисок,
нивните столчиња се „нишаат“, а со тоа се отвора вратата за враќање на
искусниот италијански фудбалски стратег во Серија А.

Рома по пет
одиграни кола во Серија А има само една победа,исто како и Милан, обете екипи
имаат по пет бодови, а за нивните тренери во изминатиов период се повеќе се
шпекулираат имињата на нивните наследници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×