Челси не е на исто ниво како Ливерпул, смета Сари

by
1 минути читање

По пет победи во
низа, тимот на Маурисио Сари одигра само реми на гостувањето кај Вест Хем,
екипа која дојде до четвртиот бод во новата сезона во шесте одиграни
натпревари.

Од друга страна
пак, Ливерпул продолжи со победничката серија, а викендов „настрада“
Саутемптон, оваа седмица ќе проследиме два дуели помеѓу Челси и Ливерпул,
најнапред во среда во рамките на Лига купот, а потоа во сабота во рамките на
Премиерлигата.

Италијанскиот
стратег од клупата на тимот од Лондон се уште се обидува да ја вметне својата
филозофија во играта на Челси откако се приклучи ова лето, признава дека тимот
на Јирген Клоп е едно скалило над неговиот.

Ќе играме против
многу силна екипа, против екипа која работи заедно под водство на истиот тренер
веќе три или четири сезони. Тие се едно скалило над нас во моментов, ние сите
заедно работиме околу 40 денови, ова за нас доаѓа многу рано, можеби за една
година ќе бидеме на истото ниво на кое се тие
“ смета Сари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×