Само бод за Барселона во каталонскиот дуел против Жирона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна добро за Барселона, по асистенција на Видал во 19. минута Меси постигна гол за водство од 1-0.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 35. минута кога дефанзивецот на Барса, Клемен Ленгле намерно со лакт удри противнички играч за што доби директен црвен картон.

Предноста од играч повеќе ја искористи Жирона, пред крајот на првиот дел Стуани реализираше за израмнување на 1-1, Пике направи кикс.

По шест минути игра во второто полувреме нов кикс на Пике и нов гол на Жирона, повторно стрелец Стуани, овој пат за комплетен пресврт и водство на својот тим од 2-1.

Во 63. минута Пике постигна гол за 2-2 и делумно се извади за лошата партија во дефанзивата, но до крајот Барселона не успеа да дојде до победа.

По пет одиграни кола Барселона и Реал Мадрид имаат по 13 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×