Јувентус го победи Фросиноне, нов гол на Роналдо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во денешниот последен натпревар од Серија А, Јувентус со 2-0 победи на гостувањето кај Фросиноне.

Јувентус ја имаше доминацијата во текот на целиот меч, пропушти неколку шанси за гол, кој конечно дојде во финишот од натпреварот.

Во 81. минута Кристијано Роналдо се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата на противникот за водство на Јувентус од 1-0.

Пред последниот свиреж на судијата погодок постигна и Бернардески за конечни 2-0.

Ова беше петта победа за Јувентус од исто толку натпревари во Серија А оваа сезона. За Кристијано Роналдо ова беше трет гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×