184
А мечот почна одлично за Милан, Игуаин уште во втората минута по асистенција од Сусо донесе водство од 1-0.
Оваа предност на Милан траеше се до 54. минута кога Гомез го изедначи резултатот на 1-1. Но, радоста на гостите траеше само седум минути кога Бонавентура погоди за нова предност на домаќините, овој пат од 2-1.
И кога се чинеше дека Милан ќе дојде до трите бода, Ригони начека една одбиена топка во 91. минута ја смести во мрежата на Донарума за конечен резултат од 2-2.