219
По двата порази во воведните две кола од новата сезона, Арсенал реди само победи, денеска триумфираше четврти пат по ред.
Натпреварот почна рамноправно, шанси се создаваа и на двете страни, но првата ја искористи Арсенал во 56. минута кога Лаказет постигна прекрасен погодок.
Сите дилеми околу победникот беа решени само три минути подоцна кога Обамејанг постигна гол за 2-0. Напаѓачот на Арсенал беше во офсајд, но судиите не го забележаа тоа.