Лацио убедлив против Џенова, Пандев остана на клупа

by
1 минути читање

Лацио славеше со
4-1 на домашен терен против Џенова на нашиот Горан Пандев, а резултатот по
првите 45 минути игра гласеше 2-0 за домаќините.

Каиседо го отвори
мечот на Олимпико со голот во 7. минута, а во 23. минута Имобиле веќе зголеми и
на 2-0.

По неполна една
минута одиграна во второто полувреме, Пјатек намали на 2-1, но Милинковиќ-Савиќ
само осум минути подоцна повторно донесе капитална предност за Лацио, овој пат
од 3-1, конечниот исход го постави Имобиле со гол во 89. минута од средбата во
Рим.



Од останатите
средби, ќе го бележиме новиот неуспех на Рома која загуби на гостувањето кај
Болоња со 2-0, а стрелци во победата на домаќините беа Матиело и Сантандер.
Рома нема победа веќе шест натпревари во сите конкуренции.

Удинезе со 0-2
триумфираше на гостувањето кај Киево, благодарение на погодоците на Де Пол и
Ласаља, а претходно, во првиот меч за денеска Наполи славеше кај Торино со 1-3.

Петтото редовно
коло ќе се комплетира со дуелите помеѓу Милан – Аталанта (18,00), односно
Фросиноне – Јувентус (20,30).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×