190
По повредата на
Кутроне, Милан внимателно ја разгледа целата ситуација во која се најде, а
потоа се утврди дека Гонзало Игуаин е единственото решение за најистурен
напаѓач во тимот од Милано, истовремено, Росонерите ги разгледуваат опциите на
трансфер пазарот.
Скенирањето на
опции низ трансфер пазарот го донесе Педро Гиљерме, 20 годишниот напаѓач на Флуминенсе,
кој на 23 натпревари успеа на 12 пати да ја затресе мрежата на противниците.
Според
информациите кои во јавноста ги пласираше Кориере Дело Спорт, Милан ќе фрли се’
на една карта за да дојде до
потписот на талентираниот напаѓач за кого интерес веќе имаат пријавено Реал
Мадрид и Рома.