273
Левенте прими дури шест голови на денешниот меч против Севиља, неочекувано висок пораз за тимот на Енис Барди кој на теренот остана во текот на целиот меч.
Главна ѕвезда на мечот беше Бен Једер кој постигна хет-трик уште во првото полувреме, другите погодоци за Севиља ги постигнаа Карико, Силва и Сарабиа.
Голот на Леванте го постигна Роџер кој изедначи на 1-1. Израмнување на 2-2 можеше да донесе Моралес но промаши пенал. Вториот гол за домаќините беше постигнат дури во 90. минута, а тоа беше автогол на Кјаер.