137
Џои Бартон кој важеше за еден од највалканите англиски фудбалери, сега е тренер во третата лига, во Флитвуд Таун. Тој можеби сега не е валкан на терените, но јазикот уште му е таков.
Бартон беше запрашан што мисли за Нејмар и одговори без влакно на јазикот.
„Тој е фудбалската Ким Кардашијан! Нејмар не е најдобар играч на светот, го видовте во Русија. Тој не е на нивото на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. И многу други фудбалери се пред него што се однесува до квалитетот. Нејмар не е фудбалски феномен, туку маркетинг феномен, баш како семејството Кардашијан“, вели Бартон.