Манчестер Сити
тргна со пораз од Лион на домашен терен, а шефот на стручниот штаб на
англискиот првак не гледа причина зошто неговите избраници би се извинувале за
тој пораз.
„Фудбалерите не
треба да се извинуваат, за што да се извинуваат? Тие трчаа и се бореа, се
обидоа да се вратат, ова натпреварување казнува секакви грешки“ рече Гвардиола
притоа го коментираше и потписот на новиот договор од страна на првата ѕвезда
на тимот, Серхио Агуеро.
„Му благодарам
многу, тоа беше прекрасна вест, тој е еден од фудбалерите кои прикажаа голема
посветеност кон овој клуб“ се надоврза Пеп.
Предводникот од клупата на Сити проговори
и за ситуацијата во која моментално се наоѓаат Де Брујне и Менди, за првиот
рече дека рехабилитацијата тече според планот, а Менди кој имаше фантастичен
старт на новата сезона, додаде дека нема да се врати овој викенд.