Коста ем суспендиран, ем повреден

by
1 минути читање

Офанзивецот на
италијанскиот првак Јувентус, Даглас Коста ќе отсуствува од фудбалските терени
еден месец откако заработи повреда на мечот против Валенсија во воведното коло
од Лигата на шампионите.

Старата дама
триумфираше на Местаља со 0-2 но го загуби еден од своите најдобри фудбалери во
составот кој на тој меч ги одигра завршница 23 минути откако во 67. минута
влезе на местото на Пјаниќ.

Од Јувентус
потврдија за тоа дека Бразилецот се здоби со повреда која ќе го оддалечи од
терените, а се шпекулира дека ќе се врати за три до четири седмици.

Сево ова доаѓа во
ист период кога Коста заработи суспензија од четири меча во Серија А откако
плукна фудбалер на Сасуоло, поточно Ди Франческо а за тој потег доби директен
црвен картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×