276
Филип Коку му даде полна доверба на Елмас и го промовираше во стартер за Фенербахче, но резултатите под водство на холандскиот стратег се под сите очекувања.
Од пет натпревари во турското првенство имаат само две победи, а чашата ја прели загубениот натпревар во Загреб од Динамо со високи 4-1.
Турските медиуми денеска пишуваат дека само прашање на денови е отказот на Филип Коку, тој сигурно заминува од Фенербахче, а раководството веќе е во потрага по негова замена.
Во натпреварите кои ги играше под водство на Коку, Елмас го презентираше својот голем талент, па тренерската смена не би требало да биде проблем за македонскиот репрезентативец.