Ањели се огласи по контроверзниот црвен на Роналдо, првиот човек на Јуве испрати силна порака (ФОТО)

by
1 минути читање

Топ тема по
првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите е црвениот картон на
Кристијано Роналдо на Местаља. Во своето деби во најелитното европско
натпреварување во дресот на Јувентус, ЦР7 беше исклучен за прв пат по 154 меча во ЛШ.

Сите во Јувентус
се убедени дека Португалецот неправедно бил испратен во соблекувалната, а голем
дел и од фудбалските љубители сметаат дека судијата Феликс Брих престрого
покажал црвен картон.

Контроверзијата
која се случи изнуди реакција и од Андреа Ањели, првиот човек на Јувентус
испрати силна порака на социјалните мрежи.

Тој објави слика
на која Манџукиќ, Кјелини, Бонучи и Бернардески му помагаат на скршениот
Роналдо да стане од тревата и напиша: „Еден за сите, сите за еден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×