177
ПАОК денес игра
на домашен терен против англискиот гигант Челси во првото воведно коло од
групите во Лига Европа, а навивачите на грчкиот клуб повторно истакнаа
транспарент за нашата јавност веќе добро познат од поодамна.
„Македонија е
една и единствена, и таа е тука“ пишува на истакнатиот транспарент, па останува
отворено прашањето дали и каква ќе биде реакцијата на Европската куќа на
фудбалот – УЕФА по ова прашање, ако се земе во предвид дека строго се забранети
политички пораки на фудбалските натпревари под капата на таа организација.