Челси во ланската
сезона не успеа да избори место во Лигата на шампионите, но затоа обезбеди
место во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа, а денес
истото во групата „Л“ го стартува против грчки ПАОК, и тоа на негов терен.
Маурисио Сари
направи пет измени во однос на последниот меч на Челси во Премиерлигата, тие ќе
бидат одморени, а од стандардните тука се Аризабалага, Рудигер, Алонсо,
Жоргињо, Канте, како и Педро.
Давид Луиз, Цезар
Азпиликуета, Матео Ковачиќ, Еден Азар и Оливие Жиру се изоставени од почетниот
состав, па на нивно место се најдоа Андреас Кристиансен, Давиде Ѕапакоста, Рос
Баркли, Вилијан и Алваро Мората, сите тие ќе почнат од првата минута на
средбата во Грција која почнува во 18,55 часот.
