Дуделанж против Милан, тренерот навива за Росонерите, а газдата на луксембурскиот тим…

by
1 минути читање

Дуделанж денес игра
против големиот, за нив, Милан, во рамките на првото коло од новата сезона во
Лига Европа, две вести беа сосема интересни за целокупната италијанска
фудбалска јавност, откако во првата тренерот на таа екипа се изјасни за кој
клуб навива, а по него, на таа тема се одзва и газдата на клубот.

Откако тренерот
Дино Топмилер откри дека е навивач на Милан, овој пат со коментар на таа тема
се јави и газдата на Дуделанж од Луксембург, Флавио Бека, кој пак откри дека
навива за ривалот на Росонерите.

Јас сум голем
навивач на Интер
“ наведе тој а притоа даде и некоја информација за неговиот тим
за италијанската фудбалска јавност.

Ние имаме 11 или
12 фудбалери во составот на Луксембург од 27 играчи, останатите доаѓаат од
Белгија, Германија, Франција, Грузија… Го имаме поранешниот дефанзивец на ПСЖ
и Лацио, Србинот Милан Бишевац, ѕвезда во тимот ни е Холанѓанецот Давид Турпел,
ланската сезона постигна 30 гола и беше најдобар стрелец во Европа пред Меси и
Мбапе
“ додаде тој а запрашан за тоа во која дивизија неговиот тим би играл
доколку е во Италија, рече Серија Ц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×