Барса сигурна против ПСВ, Интер со пресврт до победа против Тотенхем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса со убедлив
триумф над ПСВ стартуваше во Лигата на шампионите сезонава,Каталонците славеа
со 4-0, а хет-трик во победата на домаќините постигна првата ѕвезда на тимот
Лионел Меси.

Токму
Аргентинецот го отвори резултатот во полза на домаќините во 32. минута, а тоа
беше и исходот од првите 45 минути.

Во вторите,
Дембеле се запиша во листата на стрелците откако во 75. минута зголеми на 2-0,
а во продолжение Меси со два гола во серија, најнапред во 77. а потоа и во 87.
минута ги постави конечните 4-0 од средбата на Камп Ноу.

На втората
пресметка одиграна исто во групата „Б“, Интер најпрво се спасуваше од пораз во
завршницата, а кога сите мислеа дека Нероаѕурите ќе се задоволат со реми, во
самиот финиш следеше и гол за триумф на домаќините.

Ериксен ги доведе
во водство гостите со голот во 53. минута, а во 86. минута Икарди донесе
израмнување. Голот за голема радост на домашната публика го постигна Весино во
93. минута, со тоа што Нероаѕурите стартуваат со победа во својата
конкуренција, три бода од исклучително значење за Италијанците.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×